Поради бракот ја нарекоа „Арапска принцеза“: Ѕирнете во домот на богатата Србинка која живее во неверојатен луксуз

Српската манекенка Аника Божиќ го доби прекарот „арапска принцеза“, а на нејзиниот Инстаграм профил често можеме да видиме фотографии од луксузната вила во која живее

Српската манекенка Аника Божиќ позираше за најпознатите светски брендови и слободно може да се пофали со успешна манекенска кариера. Дипломирала на Факултетот за политички науки во Белград, а потоа магистрирала на Марагонија во Париз.

Откако се омажи за милијардерот Јусуф Ал-Сарај, медиумите ја нарекоа „арапска принцеза“, а Аника изгледа ужива во овој епитет.

Таа е многу активна на социјалните мрежи, па често можеме да видиме фотографии од нејзиниот луксузен дом, од егзотични дестинации и гламурозни места.

Изгледа дека Аника живее живот на кој и завидуваат милиони девојки. Манекенката има две места на живеење, во Париз, каде има стан во центарот на градот и во Египет, каде што има куќа на плажа.

Аника често објавува фотографии од нејзината бања која е во мермер. Пред да ја сподели фотографијата на Инстаграм, Аника во описот сподели дека не ја обработила фотографијата.


Аника сподели и други фотки од својот луксузен и гламурозен дом.



Инаку, Аника Божиќ и нејзиниот сопруг имаат син кој парот го крсти Омар.




Фото: Инстаграм/Аника Божиќ