Поради неа, Борис Џонсон „избриша“ 25 години брак и ја стави во прашање својата политичка кариера: Љубовната приказна на премиерот на Велика Британија и Кери

Бракот на Борис Џонсон и младата Кери Симондс влезе во историјата на Велика Британија, бидејќи тој стана првиот британски премиер во последните 199 години што се оженил за време на неговиот мандат. Но, за Борис Џонсон ова не е прв брак, ниту прво дете. Но, ајде да одиме по ред...

Само нивните најблиски пријатели знаеја дека меѓу него и Кери се роди љубов, најмногу затоа што во тоа време премиерот сè уште беше оженет со Марина Вилер. Таа му беше втора сопруга и до разводот во 2018 година, тие поминаа 25 години во брак и имаа четири деца. Затоа го чекаше совршениот момент да се појави во јавноста со неговата нова избраничка, која во тоа време веќе беше добро позната претежно по нејзината улога во седиштето на конзервативците, односно Tориевците, а исто така беше и советничка во министерството. 

Таа се воодушевувала на Борис Џонсон, тогашен министер за надворешни работи, а тоа не го криела и не се двоумела да го сподели на Твитер. Исто како што 48 часа по венчавката, побрза да го смени своето презиме од Сијамондс во Џонсон, така што и таму сè ќе биде официјално.

Набргу после тоа, започнаа приказни дека двајцата биле добри пријатели и благодарение на нејзиното школување, за време на кое одеше во приватни училишта во Лондон, Кери стана конзервативец, но и ја водеше целата кампања „Вратете го назад Борис“, со која се бараше Борис повторно да биде избран за градоначалник на Лондон.

По некое време, таа стана и главната личност за комуникација на конзервативците, но потоа се повлече откако започнаа приказните за нивната блискост. До септември 2018 година, гласините за нивното „пријателство“ стигнаа до Вестминстер, а јавноста од време на време слушаше приказни за интимни вечери во Ковент Гарден во друштво на млада и привлечна русокоса. Само еден поглед кон парот во аголот и беше за сите јасно дека тие имаат многу повеќе од двајца деловни соработници или пријатели кои одлучуваат за важни работи за државата. И покрај сè, тие сепак успеаја добро да ги прикријат трагите од нивната врска. Додека Кери не се пофали со пријателите на една свадба, со ентузијазам им ги покажа пораките што Џонсон ѝ ги испратил. Во еден момент службениот автомобил на Борис Џонсон се појави пред ресторанот, во кој Кери наскоро „се изгуби“, а потоа Борис се појави и на нејзината роденденска забава по повод нејзиниот 30-ти роденден.

Сите беа свесни дека младата Кери целосно го освои и му го сврте животот околу 180 степени, а неколку месеци подоцна веќе не можеа да ја сокријат својата љубов. Кери гордо држеше негова фотографија, на која се смее, како позадина на нејзиниот телефон.

Во 2018 година, тие организираа заедничка новогодишна забава во нејзиниот дом во југо-источен Лондон, наменета за мала група пријатели, кои не можеа да не забележат како Борис Џонсон, од љубов, видливо ослабе, но исто така започна да обрнува внимание на неговиот изглед. Но не беше сè толку идеално. Многумина тврдат дека и двајцата се прилично експлозивни, па никој не се изненади кога соседите повикаа полиција во 2019 година, откако слушнаа врескање и трескање во нивниот дом, каде веќе живееја заедно.

Откако испиле премногу вино, Борис и Кери започнале расправија, при што Џонсон одбил да го напушти нивниот стан, а потоа започнало уништување на станот. Но, ништо од тоа не ја наруши нивната врска. Сè после тоа, само отиде чекор подалеку, бидејќи почнаа да зборуваат за венчавката.

Дека нивната врска е сериозна, потврди моментот кога Кери ја запозна кралицата Елизабета Втора за време на нејзината официјална посета на Балморал, а исто така беше прв пат во историјата британскиот премиер да дојде на традиционален настан со невенчан партнер.

Токму таа му беше најголема поддршка за време на неговата кампања за британски премиер, не замарајќи се со етикетите „љубовница“ која сè уште беше приврзана за неа.

Во март следната година, двојката имаше двојна причина за славење - не само што се верија, туку ја објавија и среќната вест дека го очекуваат своето прво дете. Се шпекулираше дека Џонсон ја запросил својата девојка за време на нивниот божиќен одмор на егзотичниот остров Свети Винсент и Гренадини.

Кери потоа објави фотографија на нејзиниот приватен профил на Инстаграм каде премиерот ја бакнува во образ и напиша: „Јас обично не објавувам вакви работи, но сакав моите пријатели да дознаат од мене… Многумина од вас знаат, но оние кои не се информирани, се веривме на крајот на минатата година, а на почетокот на летото ќе имаме дете “.

Венчавката беше на крајот од месец мај, 2021, а невестата, која реши да не носи превез, беше во долг, бел фустан. 

За британскиот премиер ова е всушност трета среќа, односно трет брак. Првпат се оженил со Алегро Овен во 1987 година на 23-годишна возраст, ја запознал како студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година откако се покажа дека Џонсон е во врска со неговата пријателка од детството Марина Вилер.

Се ожени со Марина во 1993 година, а се разведе во 2018 година. Тие имаат две ќерки Лара (26) и Кеси (22) и два сина, Мило Артур (24) и Теодор Аполо (20). Премиерот има и петто дете, Стефани Мекинтајр, со уметничката советничка Хелен Мекинтајр.

Патем, пред венчавката, Кери и Борис Џонсон ги полнеа колумните во весниците заради реновирање на станот во лондонската улица Дунун, што трае веќе 14 месеци, и за кој потрошија илјадници фунти, но, за љубов кон саканата жена, тој е подготвен да претрпи јавна осуда.

извор:stil.kurir.rs

фото:profimedia