„Поради неа ја направив најголемата грешка во животот“: Шакира се нафрли на бившата свекрва и порача - НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!

Добивај вести на Viber

Раскинувањето на Пике и Шакира е една од темите за кои зборува целиот свет

Кога по 12 години славниот пар, колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот вонбрачен партнер фудбалерот Пике Жерар решија да раскинат, таа вест беше број еден во сите медиуми во светот.

Објавија дека решиле да раскинат, а причината беше добро позната - фудбалерот си најде нова девојка, помлада од Шакира.

Поради овој потег многумина го осудија фудбалерот, а Шакира со месеци страдаше поради неговиот чин. Таа се бореше за старателство над нивните деца Милан и Саша, кои на крајот живеат со неа.

Сепак, јавните расправии не завршуваат тука. Имено колумбиската пејачка ја допре својата поранешна свекрва, мајката на Пике Жерар и испрати јасна порака поставувајќи кукла вештерка на својата тераса која гледа кон нејзината куќа.

Шакира отиде чекор понатаму и се присети на настанот од 2012-та година кога, по совет на нејзината свекрва, Монсерат Бернабе ја скрати косата.

На прашањето за нејзиниот изглед, Шакира одговори:

- Таа фризура беше најлошата грешка што сум ја направила – призна пејачката.


Таа тогаш изјави дека нејзината поранешна свекрва ја советувала да ја скрати косата, убедувајќи ја дека е несоодветно жена на нејзина возраст да носи долга коса.

- Значи, си ја потстрижав косата. Но, свекрво, никогаш повеќе нема да ги слушам твоите стилски совети.

Видеото, од пред 11 години, дополнително ги разгоре зовриените страсти меѓу поранешната двојка, во која неодамна се вклучени и родителите на Пике.

Домот на Шакира во Барселона се наоѓа веднаш до куќата на мајката на Пике, а пејачката, би рекле, цел ден го слуша нејзиниот нов хит кој директно е упатен до поранешниот фудбалер.

Исто така, уште една нејзина провокација се платнените вештерки на терасата на Шакира, кои наводно мајката на Пике побарала да бидат отстранети.

Извор: glossy.espreso.co.rs