Поранешна мисица премина во Ислам за да стане кралица на Малезија: Кралот е 24 години постар од неа
Поранешна Мис на Москва стана новата кралица на Малезија откако премина во Ислам и се омажи за нивниот крал Мохамед
25-годишната Оксана Воеводина е поранешна Мис на Москва која ја понесе круната во 2015-та година, а сега му го кажа „судбоносното да“ на малезискиот крал кој е на престолот од 2016-та година.
Новата кралица на Малезија од нејзиниот сопруг е помлада цели 24 години.
По добиената титула во 2015-та година, таа работеше како модел во Кина и Тајланд, па се претпоставува дека парот се запознал така.
За Оксана не се знае многу, освен дека нејзиниот татко е лекар, а малезиските медиуми шпекулираат дека пред нејзиниот брак со кралот веќе била во брак, бидејќи на натпреварот за Мис го користела презимето Воеводина наместо презимето на нејзиниот татко (Горбатенко).
Венчавката се одржа на 22-ри ноември во Москва. Младоженецот беше облечен во традиционална малезиска облека, додека невестата носеше блескава венчаница. Подоцна на социјалните мрежи таа објави фотографија на која носи хиџаб.
Неколку месеци пред свадбата, невестата премина во Ислам, а на венчавката се јадеше халал храна и немаше алкохол.
Исто така, таа го зеде муслиманското име Рихана и сега се вика Рихана Оксана Горбатенко, пишуваат тамошните медиуми.
- Мислам дека мажот мора да биде глава на семејството и мора да заработува повеќе пари од жената- откри во една прилика поранешната мисица.