Поранешната пратеничка Ременски приготвува Малешевска тава: Примамливи фотографии за гурмани

Професорката и поранешната пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, на јавноста повторно и ја открива својата голема пасија, готвењето.

Таа денеска преку фејсбук се потсети на приготвувањето на Малешевските тави, што се случило исто така и на 15 септември, пред една година.

Па објави примамливи фотографии за споредба 2019 - 2020, од неколку Малешевски тави, на кои дури и преку фотографиите, никој не може да им одолее. 

Фросина е голем гурман и често објавува фотографии од домашно приготвена храна на својот Фејсбук профил.

Инаку, како што е познато, Ременски во моментов води и една тешка битка, а тоа е процесот за случајот Рекет 2, во кој е една од обвинетите.