Поранешната свекрва на Шакира застана на нејзина страна? Мајката на Пике избра страна во војната на екс партнерите. Со ова му го гризнала срцето на синот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Откако Шакира објави песна во која го прозва својот поранешен партнер Жерар Пике, нивните многубројни обожаватели се поделени во два табора - оној кој ја поддржува пејачката и оној кој го поддржува поранешниот фудбалер.

Изненадувачки, мајката на Пике, Монсерат Бернабеу, се чини дека е на страната на нејзината поранешна снаа. На Монсерат всушност ѝ се допаднаа две објави на Твитер поврзани со песната.

Првиот твит се однесува на текстот на песната, а вториот е најава за песната што ја објави раперот Бизарап. Меѓутоа, откако фановите на спортистот истакнале дека дури и неговата мајка е против него, таа решила да ги повлече лајковите, но фановите биле побрзи и ги зачувале доказите.

Интересно е што во контроверзната песна Шакира ја спомнува мајката на Пике во репликата „ме остави со свекрвата како сосетка, медиумите пред врата и долгови кон државата“.

Откако песната крена прашина, Пике објави статус на Твитер со емоџии со циркус.


Да потсетиме дека Пике и Шакира објавија дека се разделуваат во јуни минатата година. Набргу потоа, Пике беше забележан со Клара Чиа, неговата нова девојка, вработена во неговата продукциска куќа. Иако за врската не зборуваше за медиумите, двајцата беа видени заедно неколку пати, а подоцна беше откриено дека нивната афера трае од 2021 година.

Шакира неодамна проговори за разделбата со Пике и тој момент го нарече еден од најтемните во нејзиниот живот, но не само поради разводот, туку и поради нарушеното здравје на нејзиниот татко. Пике неодамна наводно ѝ дал благослов на својата поранешна партнерка да се пресели во Мајами со децата за да избегне даночна правна битка против неа во Шпанија.


Фото и Видео: Youtube