Поранешниот прв човек на Гугл ужива со 40 години помладата девојка иако е оженет: Милијардерот живее во отворен брак

Добивај вести на Viber

Милијардерот Ерик Шмит (67) пред неколку дена беше забележан со четири децении помладата Мишел Ритер, со која долго време беше поврзуван. Двојката се враќала во Лос Анџелес од Лас Вегас каде го прославиле нејзиниот 28 роденден.

Забележан е и прекрасен прстен на нејзината рака, со што сигурно ќе започнат шпекулациите дека можеби ја официјализирале својата врска.

За романсата на Шмит и помладата Мишел се пишуваше и во јули 2021 година, кога заедно уживаа во Ново Мексико. Поранешниот извршен директор на Google, чие богатство се проценува на повеќе од 22 милијарди долари, се уште е во брак со Венди Шмит, со која се ожени пред 40 години, пишува Page Six.

Foto: Profimedia


Нивниот отворен брак ја заинтригира јавноста, исто како и Мишел Ритер, која дипломирала право на Колумбија и основала финансиска платформа и технолошка компанија, овој сајт ги цитира зборовите на изворот и истакнува дека во нејзината биографија на интернет пишува дека таа завршилa студии по меѓународни односи, економија и политички науки на Универзитетот Џон Хопкинс, како и дека работела како асистент за кибернетичко истражување на Стенфорд, но и за владата на Авганистан.


Шмит претходно беше во врска со Александра Дуизберг, која има нешто повеќе од 30 години. Тие наводно се вериле во 2019 година, но истата година раскинале. Извор изјави за Page Six 2021 дека двајцата не се виделе повеќе од една година иако имаше шпекулации дека ја обновиле својата романса во 2020 година.


Foto: Profimedia