Пораснал без татко, мајка му била чистачка: Потресната животна приказна на Милан Станковиќ

Српскиот медиуми се’ уште пишуваат за смртта на Горан Станковиќ, таткото  на популарниот пејач Милан Станковиќ. По пет години позади решетки починал, наводно, под неразјаснети околности. Официјалната верзија е дека паднал од скеле, но семејството на Милан до денес не верува во тоа.

Милан на почетокот на својата кариера зборуваше за овој немил настан, за болното минато и тогаш изјави дека се сомнева дека татко му загинал во затворот.

- Имав само пет месеци кога мојот татко влезе во затвор. Затоа и не се сеќавам на него, но низ глава често ми поминуваат слики од посетите.Никогаш немав чувство дека имам татко, туку некој вујко што повремено го гледам. Мојот татко заради некој долг уби човек, со кој работеше во пекара. После пет ипол години, ни соопштија дека паднал од скеле и загинал, но се’ уште не верувам во тоа. Мислам дека станува збор за крвна одмазда - изјави Станковиќ.

Тој појасни дека не знае каков би бил ако растел со татко ми, но отсекогаш се чувствувал инфериорно.

- Кога во друштво ќе кажев дека немам татко, предизвикував сожалување. Како јас да сум виновен што тоа е така. Најтешко ги поднесов писмата, што ги праќаше од затворот. Еднаш случајно ги пронајдов и бев потполно изгубен. Знаев дека не можам да го вратам. Почувствував, колку само секое писмо му е различно, во некое му се препознаваше очај, во друго оптимизам. Мајка ми, покрај се’, издржа да се бори за мене и сестра ми. Работеше во трафика, пеглаше, чистеше по куќите. Често позајмуваше пари раскажа Милан пред 10 години.