Поразително: На нашата анкета „Дали ви се допаѓа песната на Гарванлиев за Евросонг“, вие гласавте вака

Добивај вести на Viber

Кога е во прашање изборот за Песна на Евровизија, Македонија секогаш ја следеле драми. Скоро сите наши претставници се соочувале со критики и јавноста била поделена, и околу песната и околу самиот изведувач.

Голема прашина се крена за последниот наш претставник, Васил Гарванлиев кој ќе не‘ претставува со песната „Here I stand“ во Ротердам, Холандија каде и ќе се одржи Евросонгот под посебни ковид протколи.

Најпрвин беше спорен спотот во кој музејска поставка потсетува на бугарското знаме, а потоа изјава на Гарванлиев дека има бугарски пасош. Лавина од коментари...

Инаку, музиката и текстот за песна се на Васил, додека аранжманот и продукцијата се дело на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Нашиот магазин реши да спроведе анкета и да ве праша што мислите за песната?

Според она што се случуваше околу целата оваа драма, резултатот беше и очекуван.

Со дури 1367 гласови вие гласавте дека песната не ви се допаѓа. 364 гласови дека ви се допаѓа и 263 гласови дека делумно ви се допаѓа.