Породилното останува на товар на државата

Работниците кои користат платено породилно отсуство ќе останат дома се до завршувањето на вонредената состојба и ќе си го добиваат надоместокот од државата. Отсуството продолжува да биде на товар на Министерството за труд и социјална, уверуваат и од Министерството и од фондот. Одлуката внесе забуна кај работодавачите затоа што некои од нив разбрале дека продолжувањето на платеното отсуство ќе биде на нивен товар.

„Се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19. Продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, велат од Министерството за труд.

И од ФЗОМ за Фактор потврдуваат дека е така. Се вели дека годишно има по околу 23.000 корисници во просек, по 2.000 месечно на пример и сите ќе го добиваат надоместокот во текот на вонредната состојба.