Поројни дождови во Македонија: 7 мерки за заштита на домот од поплави

Вчера силен и пороен дожд ги поплави училиците на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола. Иако траеше кратко, обичниот дожд проследен со град го оневозможи нормалното одвивање на сообраќаат, а не е исклучено ниту влегување на водата во некои домови.

Првиот приоритет кога има поплави, како и секоја катастрофа е заштитата на човечките животи. Сепак, мерките за заштита на домот може да бидат клучни за заштита на вашите и животите на членовите на вашето семејството.

Во случај на мали упади на вода, следниве мерки може да бидат исклучително ефикасни. Затоа внимателно прочитајте ги и доколку ги слушнете метеоролозите дека најавуваат поројни дождови, навреме обезбедете го вашиот дом.

1. Проверете ги падините на сите површини во дворот. Земјата околу вашите темели мора да биде барем 10 до 15 центиметри повисока од онаа што е од метар до метар и половина одалеченост. Доколку забележите разлика, најдобро да покриете со тврда почна што нема лесно да истекува, како што е глината. Секако, идеално е да се има целосна дренажа околу куќата, но тооа е тешка работа што не може да се направи за време на поплавата.

2. Бидете внимателни и не ги паркирајте вашите автомобили, така што би го блокирале патот до вашиот, доколку дојде до ситуација да треба да ве спасуваат специјални екипи.

3. Во просториите што се загрозени за време на поплавите, треба да се користат само опрема и предмети што се отпорни на вода или доколку е потребно, да можете лесно и брзо да ги извадите.

4. Сите уреди за домаќинство, како што се машини за перење и сушење алишта, замрзнувачи, грејни тела и слично треба да се поставени на штандови, така што ќе бидат десет центиметри над површината на водата. Ова нема да ви го отежне користењето, а сепак ќе имате мала заштита кога за првпат ќе ве погоди водата.

5. Сите штетни и опасни материи како што отпадното масло, хемикалиите, бои, лакови и детергенти треба да бидат во добро затворени шишиња и садови за да се спречи истурање и мешање со водата што влегува во куќата. Ова нема да ја заштити само околината, туку и вашите домашни миленичиња.

6. Подгответе пумпа што ќе може да ја исцеди водата од собата. Мора да биде пумпа што може да работи со валкана вода и постано мора да ја одржувате до добра состојба, односно мора да биде функционална.

7. Сметајте на фактот дека во случај на поплава, ќе има прекин во снабдувањето на електрична енергија и вода. Затоа, подгответе се навреме: радио со соодветни батерии, фенерче и свеќи, основно пакување на лекови што можеби треба некој од домаќинството да ги пие, освен пакет за хигиена, лични документи спакувани во водоотпорна футрола, имајте шишиња вода, концервирана храна и водоотпорна облека (мантил) и обувки (чизми).