Посебна љубов: Кумата не е обична пријателка, таа е ветување од Бог дека ќе имаш на кого да се потпреш секогаш

Кога жената избира кума мора да има на ум дека тоа не е мала работа и треба да знае некои работи.

Да беше лесно да се биде кума, сите ќе беа куми. Без разлика дали кумата е пријателка од детството, средно училиште, факултет, сестра или братучедтка на невестата, кумата најчесто е личност од голема доверба на младатата која ги знае нејзините чувства, карактер, стил и вкус.

Не се избираат сите за кума, кумата треба да биде личност за која знаете дека нема да ве изневери до крајот на животот и со која би сакале да се дружите до крај. Кумата е ваш пријател и помошник, некој кој ги разбира сите аспекти на вашиот карактер и кој го извлекува најдоброто од вас.

Не за џабе се вели  „Kuma nije dugme“. И не е. Тоа е нешто повеќе од пријателство, врска која не треба лесно да се прекине и заборава. Кумовите треба да бидат поддржани и во добро и во зло. Дури и кога не ви се допаѓа тоа, вие сте должни да разговарате за сите ваши сомнежи со вашата кума.

Кума е ветување од Бога дека ќе имаш пријателка засекогаш.... 

Одамна е познато дека улогата на кумата на свадбата е голема, таа е секогаш тука да разговара со невестата - од раскажување на искуството и емоциите од свршувачката до планирањето, па и за најмалите детали од свадбата. Првата кумска задача е секако да организира моминска вечер.

Оваа вечер ја симболизира последната вечер на невестата како „singl“ која со своите пријателки го слави влегувањето во новиотживот - оној што ќе го споделува со сопругот. Анкетите покажуваат дека жените уште од тинејџерските денови си ја замислуваат забавата за сопственатамоминска вечер.

Затоа не е чудно што кумите, сакајќи да ја подготват невестата за вечер за паметење, почнуваат да размислуваат и планираат за деверушите од првиот ден откако идните невести ќе го кажат големото ДА.


Извор: pult24.info

Фото: фреепик