Посегнав по таблети: Емилија Розман за деновите по смртта на татка си
Откако почина татко ми, паднав во тешка депресија. Не излегував од дома, не разговарав со никого. Посегнав по таблети, се труев со антидепресиви и таа сага траеше неколку месеци. Благодарение на мајка ми, семејството, пријателите, успеав да се вратам во нормала и сега сум подобро, раскажува манекенката и модел Емилија Розман за „Убавина и здравје“.
Актуелната
Мис на Македонија, пред четири месеци победи на изброт за Мис интернационал
туризам, кој се одржа во Бугарија, во Свети Влас. Победничката титула, таа му
ја посвети на својот покоен татко.
„ Среќна сум што по толку настапи на интернационално ниво успеав да и ја донесам круната на Македонија. Оваа победа како и сите други во мојот живот, му ја посветувам на мојот татко, кој за жал не успеа да види како победувам на некој избор, ама се надевам дека гледа од некаде и се радува за мене", изјави Розман за Женски магазин.