Посен ручек за Петровденските пости: Рецепт за пастрмка со ореви
Во тек е најкраткиот пост- Петровденски пост, кој се практикува до Петровден кој се празнува на 12 јули - празник посветен на светите апостоли Петар и Павле.
Овој пост е најкраток од сите, па нема да ви биде голем предизвик да издржите до самиот крај. Може често да јадете риба, па ние ви го предлагаме овој превкусен рецепт на пастрмка со ореви.
Состојки: 1 кг пастрмка, 150 гр ореви, 1 главица кромид, 1 лажица црвен пипер, масло, сол, мелен црн бибер.
Подготовка: Кромидот ситно се сечка и се пржи во тава на загреано масло. Издробете ги оревите во чинија или ситно исечкајте ги. Кога кромидот ќе омекне, во тавата додајте ги оревите, па црвениот пипер и промешајте. Кога ќе се испржи кромидот, тргнете ја тавата од шпоретот.
Тавата во која ќе печете испрскајте ја со масло, наполнете ја внатрешноста на пастрмката со филот од тавата и наредете ја рибата во тавата. Нанесете го преостанатиот фил врз пастрмката и посипете со масло.
Печете 60 минути во загреана рерна на 200 степени. Послужете топло со зелена салата и домат.
*ПР објава
Извор: stil.kurir.rs