Послатко не може да биде: Серена Вилијамс со керќичката прв пат заедно во модна кампања (ФОТО)

Ќерката на тениската ѕвезда уште од дете обожава да се облекува и да пробува различни костими, а сега го направи својот прв моден ангажман со нејзината мајка.

Познатата тенисерка Серена Вилијамс не крие колку сака да се забавува со својата тригодишна ќерка Олимпија. На својот профил на Инстаграм, таа често споделува фотографии од моменти во кои тие двете се облекуваат во исти костими, тениски дресови и слично, а сега нивната љубов кон облеката ја кренаа на повисоко ниво.

Имено, Серена и Олимпија ја забележаа својата прва заедничка модна кампања за познатата марка Стјуарт Вајцман и ги стопија срцата на нивните обожаватели.


Кратко видео од кампањата наречено „Стапки што треба да се следат“ Серена сподели на социјалните мрежи и ги воодушеви обожавателите. Мајката и ќерката позираа во еднакви парчиња кои се дел од новата колекција за пролет 2021 година.

Симпатичен момент било кога Олимпија пробала сандали со леопард, кои не се баш во нејзината големина, но фантастично се вклопуваат со нејзиниот црн сјаен комбинезон.

Во текот на видеото, достапно на веб-страницата на брендот, Вилијамс зборува за мајчинството и дали сака Олимпија да ги следи нејзините славни чекори, тениските.

„Дефинитивно би ја нарекла Олимпија „мини јас“. Таа е мини Серена. Таа е толку симпатична и забавна. Не знам дали се надевам дека ќе ги следи моите стапки. Сакам да прави што сака и што е најдобро за неа“, откри тенисерката.

Олимпија ја сака модата

Вилијамс, која има своја модна линија „С“, претходно зборуваше за експериментирање на нејзината ќерка со модата уште од најрана возраст.

„Не можам да ја натерам да излезе од фустан на принцеза, бидејќи тогаш таа навистина се вознемирува. Таа едноставно ја сака модата, сака да носи фустани и тоа е она што сака да го прави“, изјави гордата мајка.

Кога не се облекува како кралица или не навива за својата мајка на теренот, Олимпија ги усовршува сопствените тениски вештини. Вилијамс неодамна сподели фотографија на која нејзината малечка крева рекет и вежба интензитет.


„Најдобриот дел од тоа да се биде мајка е одговорност за некој кој потполно се потпира на мене. Сакам што е среќна што ме гледа секој ден. Тоа е чувство за кое никогаш не помислував дека ќе го доживеам“, заклучи тенисерката.

Серена ја доби Олимпија во брак со бизнисменот Алексис Оханијан, со кого се омажи во 2017 година.


Извор: gloria.hr

Фото: Инстаграм официјален профил Серена Вилијамс