После 31 година: Лепа Брена повторно слета со хеликоптер, но овој пат директно во „Студио“ (ВИДЕО)

„Многу е полесно и попрактично да се дојде на концерт со хеликоптер наместо со автомобил“, се пошегува Брена за време на снимањето.

Пред нешто повеќе од три децении, таа со хеликоптер слета на стадионот „Васил Левски“ во Софија, и со тоа им даде домашна задача на многу светски sвезди од тоа време.

Сцената во која Лепа Брена излегува од хеликоптер додека публиката е во транс и ги пее нејзините песни влезе во историјата на регионалната музичка сцена, а оваа сабота доаѓањето на Брена во емисијата Студио на РТС 1 ќе влезе во во историјата на телевизијата. Брена ќе ја повтори познатата сцена и ќе слета со хеликоптер во шоуто на 10 април во 21 часот.

„Многу е полесно и попрактично да се дојде на концерт со хеликоптер наместо со автомобил“, се пошегува Брена додека ја снимаше легендарната сцена, додека излегуваше на пистата со натпис „Студио“.

За потребите на шоуто Студио, Лепа Брена влезе во музичкото студио по пауза од една година, и заедно со продукцијата Skymusic направи нови аранжмани за нејзините најголеми хитови.

- Навистина треба да се подготвите за вакво шоу, треба да бидете креативни, да внесете многу душа и многу емоции и мислам дека публиката ќе ја препознае целата наша љубов и нашиот напор да им покажеме нешто поразлично од сè досега - рече Брена и додаде:

- Оваа емисија има повисоко продукциско ниво и им се обраќа на луѓето на поинаков начин. Суштината е да се шири музика, добри вибрации и љубов меѓу луѓето кои практикуваат ваков вид уметност.

Погледнете го видеото:


извор: telegraf.rs
фотографии:Skymusic