„Последен пат аплицирав ботокс пред 7 месеци“: Миа брутално искрена

Добивај вести на Viber

Стареењето и појавата на борите на лицето е природен процес кој треба да се прифати. Но благодарение на напредната медицина, многу жени преку ботокс го освежуваат нивниот лик и гордо зборуваат за тоа.

Се што е во умерени дози и не е претерано, убаво изгледа.

Инфлуенсерката Миа Костова нема проблем да сподели сопствено искуство со ботоксот. Иако можеби многу од жените го кријат фактот дека го користат овој природен протеин, тоа не е во стилот на Миа, која секогаш е брутално искрена.

На инстаграм објави фотографија со која вели дека е време за нов третман за ботокс, искрена кога последен пат го користела овој релаксатор за мускули.

„Одиме на редовна доза ботокс, еве кога сум аплицирала последен пат (20 септември, 2024). Цели 7 месеци, можеби би го одложила уште месец, но нема да сум тука па … не е страшно. Гледајте да не аплицирате на помалку од 4-5 месеци“, вели Миа.

Инфлуенсерката не криеше дека користи и филери во умерена доза, туку напротив јавно си кажа дека убаво е што може да застане на 25.

„Може нема да сум вечно млада ама додека можам би стоела на 25. Јаболчиците средени, устата освежена“, напиша Миа во една од објавите на Инстаграм.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Не ти треба ни нож, ни оземпик: Миа Костова конечно откри како ослабела - „Никогаш веќе не се враќам таму“