Последната фотографија од Мишел Трахтенберг шокираше: Ова ли е причината за смртта на ѕвездата од „Gossip Girl“?

Добивај вести на Viber

Холивуд речиси во ист ден загуби двајца истакнати и познати актери, а причината за смртта не беше веднаш објавена за ниту еден од нив, што предизвика лавина шпекулации. Безживотното тело на Мишел Трахтенберг (39) е пронајдено во нејзиниот стан во Њујорк. Полицијата ја отфрли можноста за насилна смрт, но извори блиски до ѕвездата на „Gossip Girl“ откриваат дека таа имала компликации по неодамнешната трансплантација на црн дроб.

Актерката позната на светот благодарение на хит сериите „Gossip Girl“ и „Buffy the Vampire Slayer“ е пронајдена мртва во нејизниот стан во Њујорк, нешто по осум часот наутро по локално време. Полицијата не ја окарактеризира нејзината смрт како сомнителна. Меѓутоа, Мишел Трахтенберг во последно време остава необични пораки на Инстаграм, поради што многумина мислат дека таа „кренала рака на себе“.

Објавите биле придружени со низа вознемирувачки фотографии на кои таа изгледа изнемоштено и слабо. Некои од нејзините следбеници, имала околу 800.000, се запрашале дали до тоа довеле пороците, бидејќи е познато дека во минатото имала проблеми со алкохолот.

Меѓутоа, оние кои поблиску биле запознаени со животот на младата актерка, која не напушти прерано, на само 39 години, за медиумите открија дека таа неодамна била подложена на трансплантација на црн дроб и имала компликации. Операцијата била извршена во тајност, никој не знаел што се случува во нејзиниот живот. Фановите кои ја следеа на Инстаграм во изминатите месеци стравуваа за нејзиното здравје.

Кога во одреден момент забележале дека таа изгледа болно на новите фотографии и ја прашале дали можеби направила корекции на лицето, Мишел брзо одговорила: „Никогаш не сум направила пластична операција. Среќна сум и здрава. Умрете мразачи“.

View this post on Instagram

A post shared by Michelle Trachtenberg (@michelletrachtenberg)

Таа пред десет дена објави две селфиња на кои изгледаше забележително поинаку. Во коментарите многумина изразија загриженост за „ретката коса“ и речиси жолтите очи, еден дури изјави: „Луѓето се обидуваат да ви кажат дека ви се гаси црниот дроб“, но немаше одговор.

Една недела по последната објава, тажната вест дека почина Мишел Трахтенберг се прошири низ светот. Очигледно, поради компликации по трансплантација на црн дроб.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs