Последната песна на Шабан Шаулиќ ги расплака обожавателите: Ја посветил на една жена

Шабан Шаулиќ, кој почина на 17 февруари по трагичната сообраќајна несреќа во Германија, не беше само крал на народната музика, туку и автор.

Една од последните песни кои ги напишал е „Ispričaću svima", за пејачот Емир Хабибовиќ, за кој Шаулиќ зборуваше дека е неговиот наследник. 

Шабан за пејачот Емир Хабибовиќ зборуваше дека е неговиот наследник 

„ На тебе боговите ти ја дадоа убавината, тебе преубава, на мене ми те пратија. Ќе им раскажам на сите, јас сѐ за тебе, светот го поминав и сѐ видов, но таква жена не“, се дел од стиховите на песната. Емир вели дека стиховите се со посвета за сопругата на Шабан, Гордана која беше неговата најголема љубов.

Песната ја напишал за сопругата Гордана.- Шабан Шаулиќ 

„Тоа беше една од последните песни кои Шабан ги напиша, и како да нешто пречуствувал, една од најтажните. Многумина се расплакаа кога им ја пуштив. Спотот го снимав уште додека Шабан беше жив, а тој ми замери што екипата не ја донсеов кај него дома, затоа што тамошната атмосфера уште повеќе ќе ја доловеше музиката и текстот на песната“, изјавил Емир кој спотот го промовираше пред две недели.