Посна торта: Десерт со бисквити и јаболка

Најпрво бисквитите треба да си ги наредите онака каква форма сакате да има десертот, правоаголна или коцка. Сметајте да има точно за 3 редици нагоре.

Во садкаде ќе ја оставате тортата се става прво „фолија за свежо“ и првиот ред нека стои нареден затоа што се полева со врел фил.

За филот јаболката рендани, се ставаат на оган со шеќер, нека пропржат така 10 мин, со промешување. Постепено се додава 100мл. вода и треба да се образува густа кашеста смеса.

Во сад настрана се меша ладна вода 500мл. со пудингот убаво без грутки и се става во садот со веќе готови јаболка, постојано мешаме додека не се образува цврст крем, како пудинг.

Од филот дел веднаш се излева над редот бисквити, се реди вториот ред бисквити, пак се става фил, трет ред бисквити и за најгоре, тенок слој фил.

Настрана сосема за најгоре 100мл. вода се зоврива со 2 лажици шеќер и се ставаат мелените ореви, се нанесува топло над тортата.

Доколку сакате се ставаат уште малку ореви само за подобрување на изглед.