Посни и многу вкусни: Совршен рецепт за руски капи

Добивај вести на Viber

Руските капи исто така можат да бидат посни, а еве како се прават


Потребни намирници:

За бисквитата:

-200 мл кисела вода

-200 грама брашно

-1 прашок за пециво

-50 мл масло

-100 грама шеќер

-2 лажици какао

За филот:

-4 лажици сојно мелко во прав

-500 мл топла вода

-100 грама шеќер

-1 ванилин шеќер

-3 лажици густин

-3 лажици брашно

-250 гр посен маргарин

-3 лажици шеќер во прав

-100 гр кокосово брашно

За глазурата:

-100 грама темно чоколадо

-2 лажици масло за готвење


Начин на подготовка:

Во чинија ставете го брашното со прашокот за пециво, додадете го шеќерот, маслото, какаото и минералната вода. Сите состојки изедначете ги добро.

Тавата за печење обложете ја со хартија за печење, потоа ставете ја добиената смеса и печете на 200 степени Целзиусови околу 20 мин.  Кога ќе се излади убаво тестото со калап извадете од него кругови.

Филот подгответе го на следниов начин: шеќерот додадете го во врела вода и 4-те лажици млеко во прав и ставете го на шпоретот.

Измешајте го брашното со густинот и со вода и кога ќе зоврие додадете млеко и рамномерно изедначете го со жица за матење. Оставете да се излади целосно со често мешање.

Во сад за матење ставете омекнат посен маргарин и 3 лажици шеќер во прав и добро измешајте го. Кога кремот ќе се олади, додајте го изматениот маргаринот постепено и мешајте сè, додека не добиете мазен крем.

Нанесете малку крем на еден круг, а потоа покријте го со друг круг, вака залепените кругчиња се тркалаат во кокосот.

Растопете го чоколадото, односно напрајте ја глазурата и ставете по една лажичка на секое капаче.

Оставете да се излади и уживајте во нивниот вкус.


Бон апетит!