Постарата ќерка не ми е мила и се обидувам да ја избегнам: Признание на една мајка, кое го шокираше светот

Оваа мајка го призна она што многу не можат - дека го избегнува своето дека и дека не и е мило. Што мислите за тоа?

Многу родители можат да издвојат едно дете како фаворит, да прават разлика помеѓу нив, а тоа не сакаат да го признаат. На едно му посветуваат поголемо внимание, повеќе се грижат за него, а многу често тоа е толку очигледно што не може да се сокрие.

Така една мајка предизвика бурни реакции кога кажа дека не може да одбере кое дете ѝ е омилено, но знае кое дете ѝ е помалку мило. Имено, оваа жена има три деца и како што истакна, својата најстара ќерка не може да ја поднесе во своја близина.

И другите две деца имаат свои испади, но нејзините особено ја нервираат. Другите две ги обожува, а неа ја избегнува.

„Немојте да се мешате во мојата ненаклонетост кон Лили и тоа дека не ја сакам, бидејќи тоа не е вистина, јас ја сакам. Таа е мое дете, но не ми се допаѓа. Може да направи било што, а јас ни тогаш нема да имам милост кон неа“ - рече оваа мајка.

Анонимна жена објасни дека карактерот на Лили е проблемот:

„Карактерот кој Лили го поседува не ѝ се допаѓа на нејзината мајка. Таа е мрачна, себична, арогантна и постојано создава кавги и драми. Тоа го прави и дома и на училиште, а освен тоа одбива и да ги прифати своите грешки или да работи на нив.“

Покрај тоа, Лили има многу пријатели и одлично се согласува со братот и сестрата. Сепак кога мајка ѝ се обидува да ѝ даде до знаење дека мора да одговара за своите постапки, девојката се фрустрира и го избегнува тоа по секоја цена. Поради тоа оваа мајка воспитувањето на најстарата ќерка го има препуштено на сопругот. Тој ја носи на спортски натпревари, забави, ѝ помага кога се училишните обврски во прашање.

Исто така, пред да почне да ја избегнува својата ќерка, се обидела да ги направи и спротивните работи. Се обидела комплетно да го поминува времето со својата ќерка и да се зближат, но тоа не успеало.

фото: Shutterstock 

Извор: yumama.com