Посвоиле 5 - годишно девојче од Уганда, мислејќи дека му го спасиле животот: По 6 месеци, детето им открило ужасна вистина

Иако веќе имале четири деца, решиле да посвојат девојче кое останало без семејство - но, вистината била далеку од тоа...

Семејството, кое веќе има четири деца, некое време живеело со посвоеното петгодишно девојче, поточно додека тоа не научило англиски и не им ја открило ужасната вистина.

Иако е тешко да се пронајдат сигурни извори, се проценува дека постојат околу милион двојки кои чекаат за да посвојат дете. За да бидеме попрецизни, тоа значи дека има 36 двојки за секое дете кое е ставено на листата за посвојување и тоа само во Америка.

Тие броеви не се баш поволни за некој кој очајно сака семејство и поради тоа многу двојки одлучуваат да побараат помош далеку од државните институции. Ѕвездите како што се Мадона, Анџелина Џоли и Џули Ендрус, посвоиле деца од земјите од третиот свет, но ниту едно од нивните деца не дошло од Уганда.

Оваа африканска нација е особено интересна затоа што нивното сиропиталиште со себе носи ужасни приказни кои светот ги дознава само кога децата ќе научат англиски. Не може ни да се замислат тајните што детето ги чува за себе додека го чека денот кога конечно ќе може да комуницира и да зборува за вистинскиот живот во Уганда.

Но, ако мислите дека нивните приказни се за војна, глад или насилство, размислете уште еднаш. Висината е уште поужасна.

Бидејќи многу семејства сакаат да посвојат дете, одеднаш се појавија многу сомнителни организации. Но, Европската агенција за посвојување е најлошата организација од сите нив. Долги години таа ги користеше обете страни за да заработи што повеќе пари.

Џесика и Адам Дејвис преку агенцијата посвоиле петгодишно девојче од Уганда во 2015 година. Двојката тогаш веќе имала четири свои деца, но сепак имала уште многу љубов и сакала да посвои личност на и треба љубов и семејство.

Европската агенција за посвојување им соопштила на Џесика и Адам дека таткото на Наматин починал, а дека нејзината мајка ја оставала сама дома. Тие не се сомневале дека Намата била малтретирана, дека никогаш немала никакво образование и дека немала доволно храна. Природно, нивните срца реагирале и тие веднаш сакале да ја спасат Наматин од таквиот мизерен живот.

По 6 месеци во нејзиниот нов дом, англискиот на Наматин доволно се поправил за да сподели морничава тајна со Џесика. Девојчето веќе имало семејство во својата земја, семејство во кое била среќна. Нејзината мајка ја сакала и се грижела за неа.

Џесика и Адам биле преплашени кога сфатиле дека буквално киднапирале девојче од семејство кое го сакала.

Адам за сево ова изјави:

„Единствената траума што ја доживеа ова дете беше последица од тоа што ние сакаме дете и ѝ ја соопштиме оваа желба на агенцијата. Била среќна дома со нејзината мајка, сѐ додека не била киднапирана и донесена кај нас“.

Но, семејството Дејвис не е единственото кое било измамено. Вистинската мајка на Наматин верувала дека нејзината ќерка добила стипендија и дека една или две години се грижи за неа една двојка од Америка, дека ќе има одлично образование во Америка, пред да се врати дома.

Керен Рајли, која раководи со здружението „Обединете ја Уганда“, ѝ помогна на Наматин да стапи во контакт со нејзината вистинска мајка, преку Фејстајм. Тогаш беше откриена вистинската тежина на оваа ситуација.

Во ужасната игра на судбината, овие мајки од Уганда мислат дека нивните деца одат во Америка за да се образуваат, но всушност ги продаваат на семејства кои мислат дека ги спасуваат децата од лош живот.

На Џесика и Адам им било кажано дека посвојувањето е легално и дека можат да ја задржат Наматин, но Џесика одбила, велејќи дека Наматин не е стока што ја купила во продавницата. Двојакта го откажа посвојувањето, а Наматин со задоволство ја вратија кај нејзината мајка.

Поради нејзината приказна, владата откри и други посвојувања кои биле слични на ова и потоа ја затворија Европската агенција за посвојување.

Погледнете го видеото во продолжение за да го видите целиот процес на истражување на трговија со деца:


фото: Pritnscreen/ youtube/ CNN

Извор: stil.kurir.rs