Потешко оди гледањето со децата сега: Елена Велевска откри детали за разводот
Децата се со поранешниот сопруг во Охрид, таа во Прилеп - Елена Велевска откри детали за разводот и како се гледа со децата.
За фолк-пејачката Елена Велевска, минатата година беше доста бурна. Таа потврди дека се разведува од сопругот со кој ги има трите деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко, а од неодамна живее и оддвоена од нив.
А секако Софија, Марко и Калија се нејзина најголема радост па слободните денови ги користи исклучиво за нив.
Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека потешко оди гледањето со децата, бидејќи тие се во Охрид, а таа е во родниот Прилеп.
„Не ништо завршено со нашето судење, но за да не се прават стресови за децата, бидејќи се израснати во Охрид, секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив, бидејќи јас и сопругот повеќе не сме во прашање и функционираме подобро разведени, отколку во брак.
Секогаш ќе гледаме за нивно добро, бидејќи имаме три деца и многу е поубаво да останеме во добри односи“ - искрена беше Елена.
За осумгодишната Софија вели дека е најнавлезена во музичките води и „е поталентирана од мене“, рече Велевска, но сепак талент постои и кај Марко и Калија.
Целото интервју на Елена за „Бекстејџ“:
Поврзани вести:
(ФОТО) Нема да дозволам никој да ја валка нашата чест и углед: Елена Велевска емотивно за фамилијата