Потешко поминав од првото породување: Водителката Милена Антовска- Станковска роди ќерка
Водителката од Канал 5 телевизија, Милена Антовска- Станковска денеска ја роди својата втора ќерка. На нејзина желба и на желба на нејзиниот сопруг Гордан, се вика Јоана.
Во пораката која ни ја испрати од Клиниката за гинекологија и акушерство, по нашата честитка, рече дека е изморена, но важно ѝ е дека таа и бебето се добри.
-Ви благодарам пред се за убавите зборови, добри сме. Нормално е дека сега немам сила, малку потешко поминав од првото породување, Јоана е супер. Кога за првпат ја видов, се израдував дека се помина добро, само тоа ми беше важно, таа да е жива и здрава“, ни изјави убавата водителка.
Симболично е што и двете деца на Милена се родени на големи празници. Постарата ќерка Лана Марија има четири ипол години. На 28 август, таа ќе наполни пет.
-Благодарна сум му на Бога што двете деца ми се родија на големи празници. Лана Марија jа родив на Голема Богородица, а Јоана на Свети Василиј, ни рече Милена.
Инаку ќерката ѝ дојде како роденденски подарок, на Милена вчера ѝ беше роденден, и среќна е што се породи токму по овој важен ден. Водителката е задоволна од третманот на вработените во ГАК, каде што во 2017 година ја роди Лана Марија.
- Се повлеков целосно од ангажманите во телевизија, но тоа е сега привремено заради бременоста и ситуацијта со Ковид 19. Не сакам да ризикувам и секако не сакаат ниту моите претпоставени кои имаат големо разбирање за мене целиот овој период. Наместо во декември, јас одам малку порано на породилно. Инаку не ми е многу лесно што не работам сега, затоа што сум навикната да имам многу обврски и работам од мојата 22-ра година. Но, затоа пак имам друга “работа” аххааха, а тоа се домашните обврски и пред сѐ Лана Марија и сѐ што треба да работам со неа периодов затоа што не оди во градинка. Лана Марија е пресреќна. Секое утро ми го бакнува стомакот и ѝ пее на сестра ѝ. А ние колку сме подготвени? Па сме хахха, мора да бидеме што да правиме, веќе сме поискусни. Нема нешто поубаво од деца така што навистина ќе ни биде лудо и незаборавно“, изјави Милена во претходно интервју за Женски магазин.
М.Џаровска
Фото: Приватна архива