Потресна колумна на Небојша Пајкиќ за Исидора: Мојата жена е девојка која верува во чуда

Ќе ја искористам оваа колумна да напишам писмо кое се надевам дека Исидора нема да го прочита, бидејќи ќе се налути на мене што сум волку отворен пред вас. Само драгиот Бог знае колку болка, терапии, игли, отрови, операции претрпе за овие две години - напиша Небојша Пајкиќ, сопругот на Исидора Бјелица, во 2015 година во својата колумна, опишувајќи ја страшната борба на својата жена со најтешката болест, во надеж дека таа сепак ќе се излечи со помош на луѓето со добра волја.

Секој пат одново станува како феникс кога сите мислат дека е готово. Денови и денови по најтешките терапии, кога мислеше дека не може, само ќе ги погледнеше нашите деца, не знам ни од каде ни како наоѓаше сила да издржи, да се обиде да преживее за нив, велејќи дека се премногу мали за да останат без мајка во овој свет...

Сето ова се случи и прерано и пребрзо. Кога отиде на лекар, бидејќи симптомите и личеа на канцер, гинекологот во една приватна клиника и рече дека е хормонално пореметување и ја лечеше од тоа. Така дојде, таа која секогаш одеше на редовни контроли до најагресивниот канцер на јајци кој за еден мосец може, особено кога организмот е млад да доведе до тешки метастази... Ви благодарам на вас добри луѓе.

По првата операција даде се од себе, помина низ ригорозни терапии, потоа кога се врати ја издржа и најтешката хемотерапија, а сега кога пред еден месец се врати и кога беше зафатен црниот дроб и кога и беше стомакот полн со вода, кога сите велеа дека е крај, таа рече: „Не можам да ги оставам Небојша, не можам“... И така по трет пат ја почна најлудата борба за духот и телото... Со ноќи и се молеше на пресветата Мајка Богородица за да и помогне.

Исидора вели дека кога поради тешки болки и водата во стомакот не може да мисли и да зборува, тогаш ја повикува само Богородица... Така и беше и сега и повторно почна да се случува чудо, водата да се повлекува, метастазите да се повлекуваат, а тогаш доби алергија. Бевме на работ да се извлече по трет пат, потоа доби алергија...

Излезот беше само во IPT терапијата во Швајцарија, но ние по две ипол години борба со болеста, немавме од каде да платиме. Исидора отсекогаш криеше колку се мачевме овие години, сакаше да се шегува дека живее како штурец, а дека работи како мравка... Само седевме и размислувавме што да правиме... Се што беше вредно продадовме, а за две години никој не сакаше да го купи нашиот таван, бидејќи без лифт на никој не му е лесно да се качи на петти спрат...

Истиот оној петти спрат каде Исидора се качуваше и по најинванзивната терапија од која буквално и се распаѓаше телото уште незаздравено од тешките операции, кога се и беше извадено. Но, таа не сакаше тоа да се знае, таа го ставаше шеширот и одеше меѓу луѓето за да им помага, да им дава совети, да ги теши, да плаче и да се смее со нив. Не знаевме што да правиме.

Остана само библиотеката. Тука се сите мои и нејзини заеднички книги, тие 3.000 книги се едиственото нешто што остана, покрај шеширите на Исидора кои не му се потребни на никој, освен на неа. Ги барав луѓето кои со години и должат пари на Исидора за разни проекти, нејзините поранешни издавачи кои ниту и даваат извештај, ниту пари по десет години и никој не сакаше да и ги исплати хонорарите, а и со оние бедни 10% колку што писателите добиваат, таа, како еден од најчитаните писатели можеше сама да си плати десет терапии во Швајцарија. Еден рече: „Нека ме тужи - ќе дочека“, друг не рече ништо, не ни дојдовме до него, третиот излажа, четвртиот... Гордоста е гордост, рече Исидора, но првото нешто што ќе го изгубите со ракот е секоја суета.

„Тогаш стави на Твитер дека ја продаваме библиотеката, гледаш дека за огласот никој не се јавува“ - и реков.

Тука се оние книги кои и нејзиниот дедо како претседател на здружението книжевници ги добиваше со потписите на Андриќ, Селимовиќ... Тука се нејзините книги кои и ги подаруваа и најголемите светски писатели Арабал, Маркес... Тука се и книгите на нејзините прабаби... Тука се нашите заеднички филмски книги, книгите од филозофија кои Исидора најмногу ги сакаше, книгата од нејзе омилениот Бајрон, која ја доби ни помалку ни повеќе туку од Лејди Ди...

СО НОЌИ ПЛАЧЕШЕ...

Сега поради среќа. Кога им понудивме на луѓето да ги испратиме книгите за нивен прилог, некои пишуваа - Исидора, поради Спасот отидов на лекар и така ми го спасивте животот, други пак, Вашите книги мене ме утешија на хемотерапија, тоа е мојот подарок, трети - Вашите емисии и насмевка цела деценија ме вадеа од депресија... Од сите земји стигнуваа пораки од луѓе кои се молеа за мојата жена и ние од најнесреќно станавме најсреќно семејство, бидејќи покрај толку љубов не може повеќе да се биде сам дури и кога си на работ на смртта.

Кога Владо Георгиев објави дека ќе прави концерт за Исидора таа ги прегрна децата и низ солзи рече: „Дали ви реков дека ќе се случи чудо...“

Мојата жена е девојка која верува во чуда и во најлошите ситуации, и во најтешките болки... Овој пат не сакам да напишам ништо друго освен едно големо благодарам на сите прекрасни души кои и ја вратија силата на мојата жена, а на нашите деца им дадоа можност да не останат без мајка во нејзините 40 - ти.

Тамо каде што има љубов, чудата се појавуваат сами по себе... Исидора сака да каже дека љубовта мора да кружи, можеби многумина не знаат, но повеќе од една деценија работеше на 10 - тина хуманитарни настани за слепи, за згрижувачки домови, за децата на пилотите, за деца заболени од рак, за инвалидни лица.

Кога и самата се разболе ноќи и ноќи ја трошеше силата за да врати на секое писмо, да помогне, да даде контакт, совет... Сега сета таа љубов како еден незапирлив бран од љубов и се врати... На Балканот писателите таква љубов најчесто добиваат кога е предоцна, Исидора ја доби на време, додека се уште има надеж... Ви благодарам, Бод да ве благослови за добрината и милоста...“ - во таа прилика напиша Небојша Пајкиќ.