Повеќе од 12 години се во брак: Како изгледаа Јелена и Душко некогаш, а како сега

Познатата најкоментирана српска пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг фудбалерот Душко Тошиќ, последните неколку недели се во фокусот на медиумите (тие скоро секој ден го привлекуваат вниманието на јавноста и медиумите). Фото-папараците едноставно го следат секој нивен чекор, а фотографиите што ги објавува парот на социјалните мрежи редовно се анализираат.

Иако често се шпекулираше за нивниот разводот, тоа уште не се случил. Двајцата, и покрај критиките во јавноста, живеат хармоничен брак и ретко зборуваат за својот приватен живот во медиумите. Повеќе од 12 години се во брак,се венчаа на 28 јуни 2008 година. Венчавката беше организирана во градината на хотелот „Президент“ во Ковилово. Прославата беше спектакуларна, со уникатни детали и посебен шарм, бидејќи се одржа во феноменално украсена градина со базен над кој се протегаше писта долга 22 метри.

Сè беше во стилот на големите светски sвезди, па Карлеуша носеше и три венчаници. До олтарот во форма на срце дојде во придружба на нејзиниот татко облечена во една од трите венчаници. На тоа место, Душко и таа кажаа судбоносно „ДА“. Разменија бурми и завети, а белите балони во форма на срце што лебдеа на површината на водата околу нив придонесоа за уште поромантична атмосфера.

Олтарот, пистата, хотелот, цвеќињата донесени за тој ден од странство, сребрените свеќници, ја обележаа и разубавија атмосферата на венчавката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ. Сè беше гламурозно, а тој гламур чинеше помеѓу 80.000 и 100.000 евра. На гостите кои седеа на масите околу базенот им се послужуваше кавијар, најубав шампањ, специјалитети од италијанска и азиска кујна.

Меѓу гостите имаше многу луѓе од светот на шоу-бизнисот, политичари, креатори, спортисти. Како подарок од гостите на свадбата на Јелена, Мина Костиќ пееше, а како што рече самата Карлеуша, таа го оправда фактот дека е исклучителен уметник. Покрај неа, на свадбата пееја и Тропико Бенд, Никола Роквиќ и покојниот Дарко Радовановиќ. Меѓу ВИП гостите беа: Драгана Мирковиќ, Индира Радиќ, Ивица Дачиќ, Стоја, Марина Туцаковиќ, Дејан Миличевиќ, Александар Коларов и други.

Но, како се менуваа физички по свадбата погледнете од фотографиите во продолжение:


Фото: Инстаграм/mega.zvedza.jk/jelenakarleushastastistiks/nisi.u.pravu/blog.of.jk

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Сексапилот е синоним за неа: 3 изданија на Копаоник од Јелена Карлеуша за кои се зборуваше најмногу деновиве