„Повторно одам на терапија“: Славната пејачка ѝ се обрати на публиката во живо и откри од што се плаши овој пат
Познатата пејачка и се обрати на публиката за време на неодамнешниот концерт во Лас Вегас откривајќи детали за нејзиното ментално здравје.
„Почнав повторно со терапија бидејќи не одев неколку години. Морав да почнам. Претходно, додека се разведував, одев на пет терапии дневно. Но престанав да се сметам одговорна за своето однесување и работите кои ги кажав“, признала Адел , пренесува Индепендент.
Пејачката изјави дека сака да даде се од себе на претстојните настапи и дека секоја недела ќе оди на терапевт.
„Мојата терапија оваа недела беше навистина интересна. Се работеше за овие мои концерти. Секогаш сум многу емотивна. Обожавам да создавам музика, но има нешто во изведувањето во живо што всушност ме ужаснува и ме исполнува со страв“, искрено рекла Адел.
По неколку одложувања, Адел, која важи за една од најдобрите пејачки на денешницата, минатиот месец започна серија концерти во познат хотел во Лас Вегас, каде што ќе настапува до март.
Од 2018 до 2021 година, музичката ѕвезда беше во брак со Сајмон Конецки, со кој го има синот Анџело. Таа се сврши со Рич Пол, кој е во одлични односи со бившиот партнер, па претходно заедно го гледаа нејзиниот настап.