Повторно покажа дека е најстилизираната принцеза во Европа: Шарлин одржа моден час

Добивај вести на Viber

Во прекрасен зелен фустан кој е одличен избор за вашиот следен важен настан.

Принцезата Шарлин од Монако и нејзиниот сопруг принцот Алберт Втори присуствуваа на свеченото отворање на 61-от телевизиски фестивал во Монте Карло. Ова беше уште една во низата прилики за да го демонстрира својот неверојатен стил.

Таа се појави во зелен прекрасен фустан кој зрачи со гламур и елеганција, а како што многумина коментираат, комбинација потсетува на нејзината легендарна свекрва Грејс Кели.Таа некогаш беше една од најдобро облечените жени во светот, а изгледа дека сега и Шарлин е една од тие жени чиј стил се копира.



Принцезата од Монако реши да облече многу интересен зелен фустан на едно рамо кој одлично прилега на нејзината кратка фризура и извајана фигура. Сандалите направија одлична целина во целиот изглед.


Да потсетиме, Шарлин од 2011 година е во брак со принцот од Монако, со кој ги има близнаците Габриел и Жак, а долго време отсуствуваше од јавната сцена поради здравствени проблеми. Наводно со сопругот потпишала договор според кој за вршење на службена должност, односно појавување во јавност со него, ќе добие околу 12 милиони евра.

извор:glossy
фото:instagram

ТЕШКО БОЛНА: Конечно се дозна ВИСТИНСКАТА ДИЈАГНОЗА на најтажната принцеза! Еднa работа не е јасно! (ФОТО)


Принцезата Шарлин блеска покрај сопругот во ангелска комбинација: Сите зборуваат за насмевката на нејзиното лице (ФОТО)