ПОВТОРНО ЗАЕДНО

Добивај вести на Viber

Пејчот Виктор Апостоловски и пејачката Јана Бурческа беа во љубовна врска по музичкото шоу „Идол“, но таа врска заврши пред околу пет години.

Јана е во среќен брак со Александар и ја има ќерката Дона, додека Виктор твори музика во Битола.

Вчера се појавија на иста сцена, на забавата на „Сара Фешн“ посветена на враќањето на сцената на естрадниот магазин „Бекстејџ“

Тие ја забавуваа публиката, додека моделите дефилираа на сцената.

Пријателството по љубовна врска во нивниот случај очигледно успева. Тоа го покажаа и со заедничка фотка која ја објави дизајнерката Ивана Кнез.



Фото: Fashionel