ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Бебе од Јапонија-ѕвезда на Инстаграм

По шест месеци откако стана вирален хит на социјалните мрежи благодарение на густата коса, денес едногодишната Чанко од Јапонија стана заштитно лице на една од најпознатите светски компании за шампони.

На Инстаграм има повеќе од 300.000 следбеници и ужива ѕвезден статус. 

Во разговор за магазинот „Пипл“, нејзината мајка Мами Кано изјавила дека е изненадена од реакцијата на луѓето и од фактот што нејзината ќерка е позната на различни континенти. 

Изјави дека не планира да ѝ ја скрати густата коса на Чанко и објасни дека не постои посебна тајна во одржувањето. „Само ја чешлам и ѝ ја оставам таква каква што е“, вели таа.