Позната актерка преку медиумите дозна дека сопругот ја изневерува: Фотографиите го шокираа светот, а таа проговори и веднаш направи драстичен потег

Добивај вести на Viber

Шок!

Познатата и сакана актерска ѕвезда Тони Колет (The Sixth Sense, Heritary, Staircase, Little Miss Sunshine) се разведува по 20 години брак. Познатата актерка преку еден таблоид дознала дека нејзиниот сопруг Дејв Галафаси ја изневерува со помлада жена.

Тони го запозна Дејв на промоција на албумот на неговиот бенд во тоа време и набргу потоа го кажа судбоносното „I do“ на будистичка церемонија во 2003 година.

Парот живеел на релација Лос Анџелес и Сиднеј, со оглед на тоа што Колет е по потекло од Австралија. Имаат две деца - ќерката Сејџ Флоренс (14) и синот Арло Роберт (11).

Тони Колет на Инстаграм објави дека се разведува од сопругот откако се појавија фотографии на кои тој се бакнува со друга жена.

View this post on Instagram

A post shared by TONI COLLETTE (@toni_collette_official)


- Заедно одлучивме дека е најдобро ние и нашето семејство да си го продолжиме животот одвоено. Иако се разведуваме, ќе се почитуваме и сакаме. Ви благодариме што ни дадовте простор да го поминеме овој период на достоинствен начин во медиумскиот простор – напиша Тони Колет.


Британскиот „Дејли мејл“ објави фотографии од Дејв Галафаси како се бакнува со непозната жена на плажа во Австралија. Како што се испостави подоцна, таа била Шенон Иган, хиропрактичар од Сиднеј.

Тони Колет (50), без оглед на распадот на бракот, е една од најангажираните и најомилените актерки во Холивуд.


Фото: Youtube - screenshoot/Твитер/Инстаграм