Позната српска пејачка уапсена во Австралија: Ограбувала банкомати

Двајца српски туристи, меѓу кои и српската пејачка Романа Паниќ, беа уапсени во Австралија заради употреба на софистициран систем со кој снимале луѓе кои користат банкомати, потоа копирале податоци и банкарски картички, и повлекувале пари.

Осудени се на 14 и 12 месеци затвор, јавуваат австралиските медиуми.

Пејачката Романа Паниќ (45) и агентот за недвижнини Филип М. (40) се осомничени за инсталирање на уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн во текот на март и април, јавува австралискиот портал Southcoastregister.

Тие во Австралија останале како туристи каде што наишле на проблеми со пари пред да дојдат до план како да добијат пари, изјави судијата на Окружниот суд во Бризбејн, Пол Смит.

Филип М. се изјасни за виновен по 18 точки од обвинението, Романа по 16 точки, тие покрај тоа што треба да ги вратат парите, ќе треба да одат во затвор - Филип М. 14 месеци, Романа 12 месеци, односно ќе и биде одредена условна казна по три месеци.

извор:blic.rs