Познатата актерка прооде пет месеци по несреќата во прашума: Нозете никогаш повеќе нема да ми бидат исти

Американската актерка Ешли Џад во долга објава на Инстаграм напиша дека почнала да оди пет месеци по тешката несреќа што ја доживеала во прашума во Демократска Република Конго.

Имено, Ешли тогаш се здоби со фрактура на нозете.

„Моите нозе никогаш повеќе нема да бидат исти. Но, јас поминав долг пат и ме очекува неверојатен живот. Тоа беше се, од осумчасовна операција до исцрпувачка физикална терапија. Благодарна сум на сите што ми помогнаа во лекувањето.Јас работев особено напорно за моето семејство и партнерите “, напиша Ешли, меѓу другото, на Инстаграм.



Со нетрпение очекува да напредува бидејќи, како што вели, до пред еден месец, таа не можела ниту да ја помести ногата. Сега таа оди на прошетки во природа, во која ужива многу.

За потсетување, Ешли падна пред пет месеци и беше тешко повредена во африканската прашума. Во интервју за колумнистот на Њујорк Тајмс, Ник Кристоф, таа призна дека лежела пет часа на земја со скршеница на ногата. Тогаш на помош и пришле локалните жители, на кои таа им е исклучително благодарна.

„Без моите браќа и сестри од Конго, внатрешното крварење веројатно ќе ме убиеше и јас ќе ја изгубев ногата. Се будам плачејќи во знак на благодарност, допрена од секој што придонесе за нешто што даде живот и го спаси духот за време на мојата исцрпувачка 55-часовна одисеја“, напиша таа тогаш на Инстаграм.


Фото:инстаграм