Познатата актерка за прв пат го покажа својот син кој го промени полот: Сега Томас е Руби

Џејми Ли Кертис, ѕвездата на култниот хорор филм „Ноќта на вештерките“ и модерниот хит „Нож во грбот“, отворено зборуваше во интервју за „People“ за транзицијата на нејзиниот син и за она што и било најтешко во процесот на адаптација , кај сега, нејзината ќерка Руби.

Џејми Ли Кертис ова лето откри дека нејзината ќерка, која порано се викала Томас, им признала на родителите дека е транс жена. Актерката во разговор за „Пипл“ вели дека имало солзи, но не поради тага, туку од радост што бил отстранет еден голем товар и притисок од нејзината ќерка. Актерката признала дека повремено греши кога и се обраќа на Руби, но дека нејзината ќерка не и замерува.

„Јас сум сосема нова во ова. Не сум некој кој ќе се преправа дека знае повеќе отколку што навистина знае. Ќе правам грешки, но ќе се обидам да не правам огромни", рече Џејми.

Руби на 16 години знаела дека е поинаква, но дека поради лошото искуство во терапијата не сакала да признае што и се случува. 

„Промената на името е најтешката работа. Името што сте го дале на вашето дете, кое го кажувавте цел живот, веќе не важи. И секако тоа е првиот предизвик, а грешки се прават кога сакам да ѝ се обратам по име. Јас и сопругот повремено грешиме. Грешам два пати на ден и ја викам со името што умре, но ние сме луѓе. Но, полека, со малку труд и размислување, се ќе си дојде на свое“, додава Џејми.

Во договор со ќерката, актерката јавно кажала некои информации, а остатокот од приказната сакале да го задржат за себе.


Во 2017 година, Џејми Ли Кертис јавно ја поддржа ЛГБТК + заедницата и транс заедницата. Во случајот со нејзиниот син Томас, кој денес е ќерката Руби, актерката конечно заклучи: „Ја отфрлив идејата за пол бидејќи ми станува се појасно дека животот е метаморфоза“.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

(ФОТО) Атиџе ми подари тегла: Џејми Ли Кертис се пофали пред два милиона луѓе