Познатата пејачка на хрватското шоу „Танц со ѕвездите“ во фустан достоен за Оскар: Со потпис на македонскиот дизајнер Занов

Добивај вести на Viber

Започна новата сезона на хрватското шоу „Танц со ѕвездите“, кое оваа пролет ќе не воведе во магичниот свет на танцувањето и добрата забава. Имено 13 парови ќе ги мерат своите танцувачки способности пред стручното жири и публиката.

Пејачката Франка Бателиќ за свеченото отворање на ревијата блесна во златна комбинација, која за неа ја смисли стилистката Јасенка Тудор Беванда.

Таа изгледаше како холивудска дива во макси фустан со рамен крој, кој е посебен по горниот дел и суптилниот исечок во пределот на половината. Фустанот го дизајнираше Занов, еден од најпознатите македонски дизајнери, кој го нарекуваат македонскиот Mуглер.


Горниот дел во форма на корсет ја истакна нејзината половина, а комбинацијата уште погламурозна ја направија модните додатоци од кои се истакнаа црните вечерни ракавици, моден додаток кој владееше со салите за бал уште од 17-тиот век, а од неодамна и ние го гледаме сè почесто на модните писти и црвените килими.

Аутфитот го комплетираше со впечатлив златен накит. Избра висечки обетки, а прстените и белезицата ги носеше преку ракавиците и така создаде многу ефективен впечаток. Косата ја обликуваше во елегантни бранови, а природната убавина ја истакна со лесна шминка.

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr