Познатата убавица кога ги видела своите страшни фотографии, веднаш отишла на лекување: Едвај преживеа, а сега изгледа спектакуларно (ФОТО)
Фото: Profimedia
Кара Делевињ, модел и актерка, призна дека минатогодишните папарацо фотографии ја натерале двапати да размисли за својот избор и живот. Набргу откако „Дејли мејл“ објави фотографии на кои манекенката изгледа загрижувачки, таа се пријавила во центар за рехабилитација.
Кара Делавињ (30) изјави дека нејзината борба со менталната болест и зависноста ескалирала кога сфатила како изгледа во очите на јавноста. Во интервју за магазинот „Вог“ таа откри дека не е подготвена да се соочи со своите демони, иако била свесна дека е во многу лоша ситуација.
Фото: Profimedia
„Имаше интервенции од пријатели, но не бев подготвена. Тоа беше тест. Три години не одев на терапевт и ги оттурнав сите од себе. Сфатив дека сум во лоша ситуација. Знаев дека морав да работам на себе и дека работата мора да биде континуирана. Никогаш нема да бидам целосно излечена и никогаш нема да бидам целосно здрава, но и тоа е во ред.
Не спиев. Не бев добро. Најтажно е што мислев дека добро се забавувам додека не ги видов фотографиите и реков - во ред, не изгледам добро. Понекогаш ви треба шлаканица од реалноста. Благодарна сум за тие фотографии. Признавам дека имав многу површни врски кои само ме влечеа назад, но имав голем страв дека луѓето ќе ме напуштат“, изјави Кара за „Вог“.
Манекенката наведува дека не барала „брзо решение“ за своите проблеми, туку дека како најголем успех се посветила на лечењето на душата и телото.
Фото: Profimedia
Делавињ оваа година изгледа подобро од било кога, ја промовира втората сезона од серијата „Carnival Row“ и вели дека се чувствува сакана и прифатена.
Извор: zena.blic.rs