Познатата водителка откри дека ракот напредува непрекинато: Знам дека нема да дочекам моите деца да станат полнолетни

Водителката на Би-Би-Си, Дебора Џејмс неодамна откри дека ракот на дебелото црево „многу брзо напредува во погрешна насока“, откако новите рендгенски снимки открија нова брзорастечка форма на тумор во близина на нејзиниот црн дроб, која не реагира на експерименталните лекови што ги земала.

39-годишната водителка, која живее со рак на дебелото црево во четврта фаза, изјави на Инстаграм дека тестовите во лондонската болница покажале загрижувачки резултати. Дебора истакна дека во последните неколку дена се чувствувала како да е на дното.

„Вистина е дека мојот рак никогаш не исчезна. Тој заспа за кратко време, но сега повторно се врати и овој пат лековите не функционираат", напиша таа во својата колумна за „Сан".

Таа исто така детално објасни какви можности има сега, додавајќи дека нејзиниот онколог „сака да се врати на хемотерапија“. Таа потенцираше дека веќе ја преминала границата, бидејќи ѝ пркоси на проценката дека луѓето со рак на дебелото црево живеат максимум две и пол години по дијагнозата, а кај нејзе е утврден во 2016 година

„Немам многу можности. Знам, истражував сè со часови и часови", додаде таа.

Таа во петокот сподели и фотографија со нејзиниот сопруг Себастијан Бонем, заблагодарувајќи му се за „држењето на семејството заедно за време на лудата, застрашувачка недела“ во која добила нова дијагноза. Парот, инаку, има две деца - Хуго (13) и Елоиз (11).
„Иако се подразбира дека се чувствувам како да сум го достигнала дното, сепак не се откажувам од надежта“, напиша таа меѓу другото, на Инстаграм.

Дебора, минатата година започна да пие нови експериментални лекови кои сè уште се тестираат, откако доби зелено светло за тоа од нејзиниот онколог. Сепак, во април, таа сподели дека ракот, се врати и ќе се подложи на 12-та операција. Таа исто така неодамна откри дека го прашала својот онколог по најновите резултати дали е тоа „почеток на крајот“.

На оваа Британка ѝ беше дијагностициран неизлечив карцином на дебелото црево во декември 2016 година и во неколку наврати истакна дека како вегетаријанец е последната личност за која лекарите мислеле дека ќе ја добие оваа болест.

Минатата година, по неколку години операции, хемотерапии и радиотерапии, Дебора беше подложена на методата сајбер ножеви и аблација. Ова се покажа како вистински потег, па нејзиниот карцином станал неактивен и таа продолжила да користи терапија со лекови. Сепак, оваа пролет откри дека ракот повторно се разбудил.

Дебора додаде дека јазолот што се појавил не може да се оперира и дека нејзиното тело веќе не е во состојба да се справи со каква било радиотерапија. Меѓутоа, бидејќи нејзиниот рак се шири на „ограничени места и специфичен начин“, споменатите локални терапии - комбинација на сајбер нож и аблација - досега имаа позитивен исход.

View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)


"Сè уште сум исплашена, сè уште мислам на секое можно сценарио. Сè уште мразам општа анестезија и се плашам секогаш дека нема да се разбудам. Загрижена сум дали нешто ќе тргне наопаку. Се плашам дека ќе полудам среде ноќ и ќе бидам нервозна што треба да спијам сама во болница. Исто така, се прашувам што ако умрам за време на операцијата ", истакна таа во една емисија и додаде дека секогаш се грижи дали "сè е во ред дома“ пред да замине во болница.

„Знам дека морам да ризикувам ако сакам да живеам, стратегијата ме донесе овде и сега нема да се предадам“, додаде таа. Таа исто така рече дека мора да прифати дека веројатно нема да може да дочека децата да пораснат.

„Навистина ми е тешко да ги гледам своите деца. Имам 13 и 11 годишно дете и се прашувам дали некогаш ќе ги видам како ќе наполнат 18 години, а веројатно нема. Сè што сакам е да имам иднина и сонувам за иднината. Сакам да го доживеам својот 40-ти роденден, да направам голема забава, сакам да бидам 40-годишна, сакам да бидам Дебора, а не Дебора со рак “, заклучи таа.

извор:zena.blic.rs