Познати и богати, но мета на критики бидејќи не сакаат деца: Светски ѕвезди кои имаат силни причини зошто не се оствариле како родители
Некои од нив дури сметаат дека би биле добри родители, но дека тоа едноставно не е нешто што би ги направило среќни...
Многу јавни личности не кријат дека поради успехот и кариерата го запоставиле семејството, па дури не се оствариле ни како родители. Меѓутоа, има и такви кои тој избор го направиле свесно, па се најдоа и како мета на критики.
1. Мајли Сајрус
Познатата пејачка во 2019 година зборуваше за тоа дека не е подготвена да има деца, а како причина ги наведе проблемите во светот и климатските промени.
Како што истакна, би имала дете само ако нешто драстично се промени на планетата.
„Додека не почувствувам дека моето дете ќе живее на земјата со риба во вода, не носам друга личност да се занимава со тоа“ - кажа таа.
2. Џенифер Анистон
Познатата Рејчел од „Пријатели“ не криеше дека на неа е вршен притисок да се оствари како мајка, иако тоа не го сакала.
„Не ми се допаѓа притисокот кој луѓето го вршеа на мене, на жените - дека си се изневерила себе како жена бидејќи не си родила. Мислам дека тоа не е чесно. Мене постојано ми велат дека толку сум насочена на кариерата и на себе, што не сум сакала да бидам мајка, а тоа е толку себично“ - кажа Џенифер Анистон во една прилика.
3. Леонардо Дикаприо
Холивудскиот заводник уште се нема остварено како татко и тоа не му пречи. Леонардо размислува слично како Мајли Сајрус кога е семејството во прашање.
„Мислите ли дека сакам да донесам деца во ваков свет? Ако се случи, ќе се случи“ - кажа актерот.
4. Опра Винфри
Остварена во секој поглед кога е кариерата во прашање, познатата водителка никогаш не зажалила што не се остварила како мајка, бидејќи е свесна дека нејзините деца би пателе.
„Да имам деца, би ме мразеле“ - кажа водителката, па продолжи: „Нешто во мојот живот би требало да пати поради сѐ што се случува, а веројатно тоа би биле они.“
5. Елен Деџенерис и Порша де Роси
Актерката никогаш не сакала деца, а нејзината животна партнерка Елен Деџенерис се сложила со тоа. Иако и двете сметаат дека би биле прекрасни родители, се согласиле дека тоа е преголема одговорност и дека се среќни без деца.
„Мислам дека морате да го сакате тоа. Ние одлучивме да бидеме сами, без бебе. Никогаш не сме биле посреќни од сега“ - кажа Порша.
фото: Принтскрин / Инстаграм