Правам костими за капење со уникатни цртани мотиви: Интервју со дизајнерката Моника Блажевска

Добивај вести на Viber

Уникатна изложба и модна ревија најавува дизајнерката и уметник Моника Блажевска, на 13 мај во скопскиот бар и ноќен клуб „Лофт“ од 20 часот. Гостите ќе имаат можност да видат уметнички слики кои ќе бидат сценски поставени, како и модели со цртани креации и костими за капење. Моника средно образованиеима завршено во завршува ДСУПУ Лазар Личеноски и високо образование  на ЕУРМ факултет за Арт и Дизајн, насока Графички дизајн. Таа за уметноста вели: „Најконцизна дефиниција е најопштата“, а поимот  “уметност” за неа се однесува на сите креативни човечки дејствија. 

Моника Блажевска во една од своите креации 

* Пред неколку месеци ни откривте дека ја работите новата пролет лето колекција, а веќе ја најавивте и својата втора самостојна изложба и модна ревија. Може ли да ни откриете што ќе погледнеме? 

- Новата колекција полека но сигурно ја најавуваше мојата изложба и модна ревија која ќе се случи на 13 ти мај во 20:00 часот на една од најубавите локации „The Loft”.

Ќе имате можност да проследите уметнички слики кои ќе бидат сценски поставени од каде пак ќе излегуваат модели со цртани креации. Акцентот на оваа ревија ќе биде ставен на костимите за капење, кои сигурна сум дека ќе привлечат најмногу внимание со својата уникатност.

* Како дојдовте до идеја да направите ваков интересен спој на уметнички слики со цртани креации па дури и костими за капење?

- Повеќето клиенти и љубители на мојата необична уметност знаат дека по локација сум дипломиран графички дизајнер. Но ете мојот спектар на идеи се прошири во повеќе гранки од областа на уметноста и дизајнот. Напорно е да се работат во исто време и уметнички платна, цртани маички, фустани, елеци, марами, костими за капење...Сето тоа одзема премногу време, но едно е сигурно дека луѓето ми даваат премногу поддршка и се воодушевени од она што го работам, па ете за некои од нив сум светски производ кој веќе четврта години опстојува на македонската сцена.


Што се однесува конкретно до идејата за цртани костими за капење ја имав истестирано уште минатото лето кога за прв пат го насликав The Guardian, виолетовиот леопард кој беше навистина забележан и уникатен. Боите супер поминаа цела сезона, воопшто не реагирајќи на морската сол. Покрај тоа доказ за тоа беа и моите клиенти кои веќе ги порачаа своите омилени мотиви.

Уникатните цртани костими за капење 

* Овој проект е подржан од повеќе брендови како и брендот Sara Fashion, како дојдовте до таа соработка?

- Како главен организатор на мојата изложба и модна ревија, сакав да учествуваат повеќе брендови кои не само со своето присуство ќе го одбележат овој настан, туку пред се даваат огромна подршка на мојот бренд Бм Дизајн Моника. Sara Fashion се меѓу првите кои со воодушевување ја прифатија мојата идеја. Се надевам и на понатамошна соработка со нив поради тоа што мислам дека еден македонски производ заслужува уникатност иновативност и препознатливост. 

Секако благодарност и до Models In и фотографот Зоран Поповски Аверел со кои веќе изработивме преубава фотосесија со костими за капење како и неколку креации кои ќе имате можност да ги проследите на 13 ти мај.

Направивме еден убав спој на девојка со велосипед од брендот Pinarello. Прекрасниот тим од Prima Optics кои ги надополнија сите креации со преубави очила. Салонот за убавина Биондина, Oriflame и make up artist Небојша Пешевски  кои ќе го надополнат убавиот и природен изглед, исто така дадоа огромна подршка за една уникатна жена која знае да се носи и со уникатни цртани парчиња облека. Гламурозниот и неповторлив накит од „Оливиа“. 

Про Дизајн и Апликацијата In room Preview специјално дизајнирана за избор на уметнички слики аплицирајќи ги преку мобилен телефон во просторот и Калаплакат за преубавите банери и промотивен материјал. Ве поканувам на 13 ти мај на еден несекојдневен настан, да  погледнете над 10 уметнички платна и 30 модни креации, сето тоа надополнето со прекрасното вино од Стоби Винаријата.