Правила за убавина што Меган Маркл ги кршела за време на нејзините кралски должности

Сите знаеме дека на Меган Маркл и беше дадена етикета на некој кој кршеше многу правила во кралското семејство за време на нејзините кралски должности.

Таа едноставно понекогаш ги запоставуваше кралските принципи, поради што исто така ја нарушуваше традицијата на кралското семејство. Меѓу нив се и некои правила за убавина, така што можевме да ја видиме Меган во јавноста неколку пати со храбра откриеност на рамената, но и фризури и шминка што не беа во согласност со кралските протоколи. Во тие ситуации, Меган се водела исклучиво по нејзина желба.

Меган Маркл носеше темни бои маникир и педикир

Според кралскиот протокол, жените треба да ги лакираат ноктите исклучиво во дискретни тонови на кожата. Сепак, Меган понекогаш го кршеше и ова правило: таа упорно избраше темни лакови за нокти, а тоа беше докажано и на церемонијата на британските модни награди 2018 година.

Меган Маркл користела „забранета“ шминка

На членовите на кралското семејство им е забрането да носат шминка со посилни нијанси. Сепак, Меган редовно прибегнуваше кон нејзиниот омилен трик што го користеа многу жени - таа ги потенцираше усните со сјај за да ги направи да изгледаат поголеми.

Меган Маркл често носеше лепршава фризура

За време на официјалните настани, кога станува збор за коса, правило е дека секоја жена треба косата да ја има прибрано под конец, обично во форма на крената фризура. Сепак, Меган Маркл претпочиташе „неуредна“ пунџа наместо совршено затегната.

Меган Маркл користела вештачки трепки

Според кралското семејство, маскарата е доволна за да го направи изгледот експресивен. Сопругата на Хари има поинакво мислење: таа често додавала неколку трепки, исклучиво во аглите на очите, за да не бидат забележани.


извор: cosmopolitan

8 соби, 12 бањи: Меган и Хари се селат во вила за милионери
(ВИДЕО) Преслатко: Меган му чита приказна на Арчи за првиот роденден