Пред 22 години: Владо Јаневски влезе во историјата како прв претставник на Македонија за Евровизија

На вчерашен ден пред 22 години Владо Јаневски влезе во историјата како прв претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во Бирмингем (В.Британија) првпат на најголемата европска сцена и во домовите на преку 150 милиони ТВ гледачи ширум светот одекна македонскиот јазик преку незаборавните стихови на "Не зори, зоро" (муз.: Г.Копров текст: В.Јаневски арр.: В.Скендеровски, вокали: Т.Станковиќ и С.Чепишевски). Песната и после толку години сѐ уште предизвикува одушевување на неговите концерти, но и кај многубројни Евросонг фанови. 

Потсетување на неговиот настап:

Јаневски во последните години не е многу активен на сцената, а во неодамнешно интервју за Женски магазин, тој изјави дека куќата ја претворил во тврдина за никој да не му пречи.