Пред 9 години ,ова време веќе ја врзував краватата: Сашко Коцев слави годишнина од брак

Актерот Сашко Коцев и неговата сопруга денес слават годишнина од брак. Актерот на социјалните мрежи се пофали дека на денешен ден пред 9 години се оженил со убавата Смиљана. Во свој стил Коцев до фотографијата напиша: „Пред 9 години, ова време веќе ја врзував краватата“.

Нивната хармонична љубовна приказна започна пред повеќе околу 10 години на „Златна бубамара на популарноста“, кога Сашко Коцев клекна на колена во Универзална пред неговата долгогодишна девојка Смиљана. Во улога на Аладин пеејќи ја песната „A whole new world“ во дует со Каролина Гочева ја запроси саканата пред неколку илјадна публика.


Коцев и неговата сопруга Смиљана, се родители на едно дете, девојче Јоана, која ја добија во октомври во 2017 година. 

Фото: Фејсбук профил Сашко Коцев