Два пати го изгубив бебето, имав проблеми да ја износам бременоста: Слаѓа Алегро го сподели болното искуство пред да ја добие Мила

Добивај вести на Viber

Пејачката одлучи јавно да проговори за својот случај за да ги поттикне сите девојки и жени да не се откажуваат и силно да веруваат во себе.

Пејачката Слаѓа Алегро често отворено зборува за проблемот што го имала, односно за долгогодишната борба да стане мајка. Таа решила да зборува на овие теми бидејќи сака да ги охрабри сите жени кои имаат слични искуства.

Два пати го изгубила бебето, но секогаш со гордост изјавува дека голема поддршка во тие денови ѝ бил нејзиниот сопруг Зоран. 


- Во ниту еден момент не дозволив да бидам депресивна. Тоа е болен период, на кој со тешко срце мислам и кажувам дека се случи двапати, но нема да дозволам тој факт да ми го претвори животот во страв.
Неопходно е директно да се соочиме со стравот и со тоа да го победиме. Мора да имате голема поддршка од партнерот, но пред се да ги решавате ваквите проблеми со ваша сила и волја. Ниту Зоран, ниту јас не дозволивме тагата да не обземе. Ја затворивме таа страница и продолживме понатаму. Важно е да сме здрави, да сме заедно и сигурна сум дека се ќе надминеме успешно - изјави Слаѓа во интервју за Hello, а потоа наскоро во јуни 2018 година ја роди ќерката Мила.


Слаѓа неодамна се присети на овие моменти и уште еднаш се сети колкава поддршка ѝ беше пријателката Сека Алексиќ.

Вечно ќе му е благодарна на еден светец: Сека Алексиќ раскажа како успеала да забремени и да стане мајка по седумгодишна борба за потомство

-Сека ми се најде кога најмногу ми требаше. Ме испрати на клиниката што ѝ помогна и нејзе да се реализира како мајка. Таа многу ми помогна со нејзините совети и на секој друг начин. Да не ја слушав, веројатно денеска немаше да ја имам Мила, смислата на мојот живот - изјави Слаѓа за „Хит Информер“ и додаде дека нејзината ќерка е зачната по природен пат:


- Луѓето мислат дека сум имала проблеми со зачнувањето и дека сум отишла на ин витро, но тоа не е точно. Можев да забременам, но имав проблем да ја износам бременоста. Тој дел ми беше проблематичен. Никогаш не криев дека имав спонтани абортуси. Напротив, сакав да зборувам за тоа бидејќи знаев дека ќе можам да помогнам некому и да го охрабрам. Многу жени сè уште ми пишуваат на социјалните мрежи и ме прашуваат за совет. Некогаш поминувам часови за да им пружам поддршка на жени кои се борат за потомство, а како им е знае само оној што поминал низ тоа.

извор:GLOSSY

Пејачката Слаѓа Алегро исфрли една работа од менито и ослабе 30 килограми: Изгледа подобро од кога било

Се причестив и отидов на вонтелесно оплодување: Сека Алексиќ, искрено за борбата за потомство