Пред да влезете во Новата година, одговорете си неколку прашања: Совети од психологот Луиз Хеј

Да ја пречекаме следната година, да ја исполниме со љубов и радост, свесни дека дупло ни се враќа она што го даваме.

Поставете си ги овие едноставни прашања додека влегувате во Новата година:

*Што ќе пуштам од мојот живот сега?

*Што или кој повеќе не ми одговара?

*Што не сакам да пуштам, а не ми прави добро?

*Кои мисли или верувања припаѓаат на старата јас?

*На кој начин бев лоша кон себе?

*Што прави да се чувствувам добро?

*Дали сум подготвена да пуштам некои работи?

*Што е тоа што е одлично и прекрасно во мојот живот?

*Како се грижам за себе?

*Во кое поле сум најзадоволна?

*Што сакам во мојот живот?

*Што сакам да бидам оваа есен и зима?

*Кого сакам да го донесам во мојот свет?

*Како сакам да изгледам?

*Кој имиџ сакам да го градам?

*Колку сакам да бидам здрава?

*Колку просперитетно сакам да се чувствувам?

*Во каков свет сакам да живеам?

*Каде сакам да го насочам мојот духовен живот?

*Колку љубов сум подготвена да доживеам?

Сфатете го целиот ваш позитивен раст и промена.


Потоа потврдете:

- Не сум ограничена со статистика, медицински мислења, време или тело.

- Јас сум со бесконечната мудрост и можности на самиот универзум.

- Сè што е добро е достапно за мене, токму тука и сега.

- Сè што треба да направам е да ја искористам моќта на моите мисли за да создадам што сакам.

- Досега беше добра година и научив многу.

- Со љубов ги благословувам сите искуства што ги имав и со нетрпение ги очекувам сите благослови што доаѓаат.


Можеби ќе ве интересира:

Народни верувања за Новата година: Што смеете, а што не смеете да правите