Пред една година почна мојот живот: Кети Пери на керќата ѝ ги посвети зборовите кои само мајките можат да ги разберат

Пејачката Кети Пери на 26 август го прослави првиот роденден на својата ќерка. Во тоа име, таа и ги посвети најубавите зборови, кои само една мајка може да ги разбере.

Поп пејачката Кети Пери освои многу награди, но раѓањето на нејзината ќерка Дејзи го смета за нејзино најголемо достигнување.

Пред четири дена, нејзиното мало девојче наполни една година! Во тоа име, мајката Кети Пери напиша на Твитер:

„Пред една година беше денот кога започна мојот живот ... Среќен прв роденден за тебе, моја Дејзи Дејви, моја љубов“.



Иако го држи своето мало девојче далеку од очите на јавноста, таа сака да зборува за мајчинството.

„Тоа е најдобрата одлука што сум ја донела во животот“, рече таа пред неколку месеци за родителството.

Малата Дејзи е нејзино прво дете, а Орландо Блум од претходниот брак со Миранда Кер има десетгодишен син.

„Кога имате дете, имате некој што ве гледа и не знае ништо за вашето деловно искуство, банкарска сметка, не знае ништо и не мисли ништо за вас. Тој само ве сака. Тоа е безусловна љубов ... Тоа едноставно е се што сум сакала да имам некогаш“, рече таа во една прилика.