Пред и по него - години на самотија: Ова е единствениот маж кој го освои срцето на Моника Белучи по разводот (ФОТО)
Токму кога конечно го преболе Винсент Касел и почна да ужива во самотијата, Моника Белучи запозна згоден Французин, па кога реши да го претстави на светот, раскинаа...
Италијанската филмска дива и една од најубавите жени во историјата на филмот, Моника Белучи, од првиот момент кога застана пред камерата ги освои срцата на публиката - особено машкиот дел.
За нејзина несреќа, многу брзо по стекнувањето на светската слава, во 1996 година, го запознава францускиот актер Винсент Касел, кому во 1999 година му кажа „да“. Парот има две ќерки: Дева и Леони, а се' било идилично до 2013 година кога објавија дека се разведуваат.
Оттогаш Моника Белучи е воглавно сама, а на јавноста ѝ претстави само еден емотивен партнер.
Имено, италијанската актерка го запознала Николас Лефевр, француски скулптор, сликар и поранешен модел, во 2017 година, а за прв пат со него се појави на јавен настан дури две години подоцна, кога заедно дојдоа на ревијата на Шанел.
Многумина коментираа дека Моника, како и нејзиниот поранешен сопруг, кој тогаш беше во бурен брак со младата манекенка Тина Кунаки, решила да живее втора младост преку нова врска, бидејќи Николас е 18 години помлад од неа.
- Љубовта и сексуалноста се прашање на енергија, а не на возраст - изјави Моника во интервју за Гардијан пред две години, додека го промовираше филмот на Кустурица „На млечниот пат“.
На прашањето за нејзиното ново момче во 2019 година, Моника само рече:
- Со истата личност сум веќе некое време и се' е супер. Човекот со кој го делам мојот живот не ја работи истата работа како мене, но многу патува. Неговиот начин на живот му дозволува да го разбере мојот.
Познато е дека Лефевр живее и работи во Париз. Тој претпочита да остане мистериозен, па не се знае многу за неговиот приватен живот. Николас е сопственик на париска галерија, а најголемиот удар во животот го доживеа кога почина мајка му, што се одрази во неговата работа и го инспирираше да создава повеќе од порано.
Лефевр од претходната врска има ќерка со која има одлични односи и верува дека таа ги наследила неговите уметнички особини.
Сепак, се покажа дека неговата љубов со Моника Белучи не била создадена да успее, па раскинаа истата година кога првпат се појавиле заедно, односно само четири месеци подоцна, во јули 2019 година.
Оттогаш, италијанската актерка на светот не му покажа ниту едно од своите момчиња, а како што е познато, таа не се гледа со никого. Моника изгледа посреќна од кога и да е.
- Се чувствувам толку живо! Слободната жена е слободна жена, а тоа што сум сингл не значи дека сум осамена, тоа значи дека сум слободна да бидам во врска или не - рече таа еднаш.
- Може да биде страшно, но и интересно. Само запомнете дека жените, не толку одамна, постоеле исклучиво во однос на нивната врска со маж.