Предлози за 8-ми март: Подароци на кои секоја жена (мајка, пријателка, сопруга) ќе се израдува

Уште само неколку дена нè делат од празникот на жената, а нема жена која не сака да добие доза внимание на овој ден.

Меѓународниот ден на жената не е како секој обичен ден. Овој ден ја одразува борбата на жените низ вековите за зајакнување и еднаквост во општеството. Вашите идеи за подарок за овој 8-ми март мора да го прикажат вашето мислење или верување во моќта и силата на нејзината женственост.

Меѓународниот ден на жената е тука за да им овозможи на вашите омилени дами да знаат дека сте среќни што го имате нивното присуство во вашиот живот. 

Затоа, набројуваме неколку идеи за подароци кои можат да го направат овој ден екстра посебен за драгоцените дами.

Цвеќе

Според многу истражувања за најпопуларен подарок за 8-ми март, на врвот на листата се наоѓа цвеќето. Иако звучи како клише, повеќе од половина од женската популација посакуваат букет од свежо цвеќе или саксија со омиленото растение. Затоа 8-ми март е совршен ден да изберете необичен букет, класикатацрвени рози или пак сладок кактус кој ќе има посебно место во нејзиниот дом и ќе ја потсетува токму на вас.

Кошница со производи за нега и убавина

Понудите на парфимериите за Денот на жената изобилуваат со креативност. Секогаш може да го изберете нејзиниот омилен парфем. Но може да бидете посебни и да направите убав комплет со различни производи за нега и убавина и да ги сместите во интересна, украсена кошница. Шминка, лакови за нокти, купка, шампони, млеко за тело - се само дел од производите со кои може да ја изненадите.

Долна облека

Секоја жена посакува заводлива долна облека во која ќе се чувствува самоуверено. Затоа токму овој празник е супер повод да подарите романтично парче долна облека во омилената боја. Секако, супер избор се и удобен пар пижами, кои без исклучок се потреба на секоја жена.

Накит, часовници и модни додатоци

Накитот, исто така, е во првите три најпопуларни подароци кои ги посакува секоја жена. Ретко која жена може да одолее на убаво синџирче со посебно значење, нови гламурозни обетки, светкава белезица и што уште не. Никогаш доста од часовници, зошто да не ѝ подарите уште еден кој ќе стане омилен во нејзината колекција.

Пролетта е супер сезона за обновување на гардероберот со нови модни додатоци. Без разлика дали ќе изберете чанта или пак додаток за коса по нејзин вкус, таа ќе биде пресреќна.

Велосипед

За крај еден сосема необичен и шармантен подарок. Станува збор за најубавото превозно средство, но исто така и одличен дел од модното секојдневие на секоја жена. Доколку се мислите за подарок за дама која е активна и секојдневно се бори со градскиот метеж во сообраќајот, велосипедот е подарок со кој дефинитивно ќе ја освоите и ќе ѝ го олесните животот. 


Секако, нема добар шопинг без добра пријателка, а наш предлог е најдобрата пријателка што може да ја замислите. Нејзиното име е „Diners Club“ картичка, која ќе Ви помогне да изберете што Ви лежи на срце без да се грижите за Вашата сметка.

Моментот кога ќе видите дека го доживувате најдоброто шопинг искуство досега, ќе сфатите дека Вие и Вашата „Diners Club картичка“ сте создадени еден за друг .