Прекрасен гест: Парче топлина од домот на Игор Божиновски за неговите VIP клиенти

Оставивме тешка година зад нас, и со нетрпение ја дочекавме новата 2021-ва година надевајќи се на подобри денови исполнети со здравје, мир и среќа. Она со кое сигурно сите ќе се согласиме е дека 2020-та не научи (или не потсети) кои се вистинските вредности во животот, како и кои се личностите кои најмногу ни значат и за кои најмногу се грижиме. Секако на прво место е фамилијата, топлината и убавината која ја носи домот кога е исполнет со миговите во кои сите сме на купче и заедно ги пребродуваме и најтешките мигови.

Новогодишните и божиќните празници пак, дополнително направија да си ги гушнеме силно најблиските, а на пријателите со подарок од душа да им дадеме до знаење дека иако можеби не се во близина, секогаш се тука во нашите срца.


Така оваа година за своите ВИП клиенти, првиот човек на „Божиновски часовници и накит“, битолчанецот Игор Божиновски реши да направи еден гест кој е навистина за секоја пофалба и за воодушевување. Наместо стандардни подароци, тој за своите клиенти со свои раце зготви домашни колачи и специјално избра чај и истите лично им ги подари на клиентите, со искрена порака како благодарност што и во изминатата година полна со предизвици нивните клиенти останаа нивни верни поддржувачи.

Ваквиот гест разбуди емоции кај водителката Миа Костова, која соработува со „Божиновски“ веќе цели три години.

- За гестот... не знам што да кажам, до моментот на видеото бев прибрана и си реков, секоја чест за креативноста, но во моментот кога видов дека вистина колачите излегле од домот на Божиновски во Битола до секој од нас, кој имаше шанса да ја почувствува хармонијата и топлината на неговиот дом, едвај си ги држев солзите и по стоти пат си потврдив дека креативноста и сѐ можно што прави го прави поинаку од сите и на едно сосема поинакво ниво.

Соработката моја и на Божиновски трае трета година... што да кажам освен дека она што го покажа Игор со новогодишниот гест, е она што тој всушност е. И како човек и како соработник. Благодарна сум му за секоја измината година - ни раскажа Миа, инфлуенсер и соработник на „Божиновски часовници и накит“.

Парче од домот на Божиновски ја разнежни празничната атмосфера и во домот на моделот Сара Дамчевска.

- Пред сѐ соработката со Божиновски е одлична, максимален професониализам. Задоволна сум буквално од сета соработка и пред сѐ од нивниот тим. Пријателски настроени, што тоа е исто така многу важно, посебно за млад човек како мене.

Искрено, можам да кажам дека гестот т.е гифтот беше многу оригинален и уникатен баш какви што се тие, не очекував дека внатре има чај и колачи, инаку би било клише.

Пријатно се изненадив од цел контекст, гест направен со љубов, а внатре зрачеше толина и енергија. Се надевам на уште повеќе и поголеми соработки, драго ми е што сум дел од нив- ни откри таа.

Листата на соработници е долга, а љубовта и среќата е двојно поголема кога е споделена. Браво за прекрасниот гест кој топли душа во вакви ладни времиња!


*Д.К.И.