Прекрасен и романтичен подарок за својата сакана: Брена му возврати со љубовни зборови на Боба

Романтичните кадри од Брена и Боба ги разнежнија сите...

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ моментално уживаат во Црна Гора, а пејачката му упати романтична порака на својот сопруг, а тој пак и возврати со романтичен подарок.

Имено, Брена на својот „Инстаграм“ профил сподели фотографија на која позира во прегратките на нејзиниот сопруг Боба, а се пофали и со огромниот букет рози што го добила од него.

Цветовите се специјално украсени и разнобојни, а на горниот дел се иницијалите на Брена и Боба, „ББ“, па нема сомнение дека Живојиновиќ се потрудил обичниот ден да го претвори во романтична бајка без причина.

- Со добар капетан, секој ден е искуство - напишала пејачката во описот на фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)